Македонија 28-ма по извоз на вино во светот, 173-та по увоз

07.08.2018 10:46

Минатата година од извозот на вино земјава реализирала 52,4 милиони долари што е 0,1 отсто од извозот во светски рамки.

Македонија во светот котира на 28-то место според извозот на вино. Минатата година од извозот на вино земјава реализирала 52,4 милиони долари што е 0,1 отсто од извозот во светски рамки.

Од друга страна, како 173-та земја според увозоот, вредноста на увозот на вино во Македонија лани достигнала речиси 700 илјади долари, што е 0,002 процента од извозот во светот.

Лидер во извозот на вино е Франција, следуваат Италија, Шпанија, Австрија и Чиле. Најмногу вино се пие во САД, Велика Британија, Германија и Кина.