Околу 180.000 евра штета од зголемените косовски царини

07.08.2018 13:11

Министерството за земјоделство ги направи првите проценки за штетата предизвикана од повисоките косовски царини. Откупот на пченицата се одвива според договореното, а за ланските временски непогоди предвидено обесштетување од 4 милиони евра...

Околу 180.000 евра или 2.000 тони се проценува штетата од нереализиран извоз кон Косово, поради одлуката за повиски царини на овошјето и зеленчукот, велат од Министерството за земјоделство. Пресметката е врз основа на реализираниот извоз лани за истиот период.

Од ресорот информираат дека во овој период и откупот на пченицата се одвива по договорените цени. Според Димковски, погрешни се наводите дека пченицата се продава по пониска цена. Дециден е дека пченицата која се откупува по 7 до 8 денари се користи за сточна исхрана.

Од Министерството информираат дека во тек е јавен повик за интерес за купување на државно земјиште под оранжерии. Посочуваат дека со стекнување на сопственоста се зглемува можноста за инвестирање и користење на европските средстава.

Димковски вели поради временските непогоди, лани биле предвидени за исплата околу 4 милиони евра. За годинава се прват проценките. Според податоците, од година во година се намалува интересот за осигурување на посевите, ако во 2015-та година имало 5.000 склучени полиси, лани биле двојно помалку.

 

Дијана Ценевска