Ѕанакопулос: Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент

13.09.2018 15:03

Не постои никакво прашање, никаква причина за нас, да отвориме во овој момент предизборна дискусија, изборна дискусија или нешто слично, вели портпаролот на грчката влада...

Портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал Еф Ем“, уште еднаш го повтори ставот дека Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент.

Не постои никакво прашање, никаква причина за нас, да отвориме во овој момент предизборна дискусија, изборна дискусија или нешто слично, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор на Грција.