Евакуација поради „Флоренс“

13.09.2018 16:25

Над 10 милиони жители во три сојузни држави се предупредени поради движењето на ураганот „Флоренс“. Воведен е полициски час, но има жители кои одбиваат да бидат евакуирани...

Властите во Јужна и во Северна Каролина ги затворија пристаништата пред налетот на ураганот „Флоренс“. Американскиот претседател Трамп порача дека заштитата на животите на луѓето е највисок приоритет. Ги повика сите што живеат на патот на Ураганот да ги послушаат наредбите за евакуација.

Да, има потенцијал да биде еден од најлошите урагани досега“.

Властите воведоа 24-часовен полициски час и го забранија сообраќајот преку мостот во насока кон градот Каролина Бич, каде што околу 1.000 од вкупно 6.300 жители одбиле да ги напуштат домовите.

Сме преживеале и други урагани. Не се обидуваме да испаднеме херои, но сметаме дека шансите за преживување овде се исти како и во градот“.

Гувернерите на Северна и на Јужна Каролина, упатија јасна и недвосмислена порака до сите што се наоѓаат на патот на ураганот веднаш да се евакуираат, бидејќи во спротивно ќе бидат препуштени самите на себе.

Подготвени сме. Се обидуваме да ги евакураме и последните жители од крајбрежните области“, изјави Рој Купер, гувернер на Северна Каролина.

Повеќе од десет милиони жители во три американски држави се предупредени на опасноста од ураганот кој ја губи силата и сега се класифицира како трета категорија, но и натаму се смета за опасен.

Во меѓувреме, компанијата „Дјук Енерџи“ соопшти дека без струја би можеле да останат три четвртини од нивните четири милиони корисници во Јужна и во Северна Каролина, и предупреди дека прекинот на струја би можел да трае со недели.

Ураганот „Флоренс“ се очекува со себе да донесе ветришта со јачина од 180 километри на час. Метеоролошките служби предвидуваат и појава на торнадо.

 

Марина Ристова