Поддршка од САД за НАТО

13.09.2018 16:30

Американска поддршка за Договорот од Преспа. Помошник-државниот секретар на САД за Европа, Вес Мичел, очекува нашата држава да стане 30-та земја членка на НАТО...

Американскиот помошник- државен секретар Вес Мичел се информира за безбедносните, политичките и економските односи во Македонија, за како што вели, целосно да ја согледа стратегиска слика на Балканот.

Со македонските лидери разговарам за историската можност што се отвора со Договорот од Преспа, изјави Мичел за Македонската телевизија по средбата со шефот на дипломатија Димитров.

„Ја изразив американската поддршка за Договорот од Преспа. На него гледаме како на можност да ѝ посакаме добредојде на 30-та земја членка на НАТО. Беа потребни многу работа и компромиси од двете страни и долги 27-години за да се стигне до овој момент. Имавме добри разговори за следниот чекор. На крајот, Македонците ќе ја донесат одлуката, но Америка, исто така, има влог на Западниот Балкан. Да има стабилност и просперитет во овој важен регион“, изјави Мичел.

Претставникот од Стејт департментот на средба и со претседателот на Собранието, Џафери. Му ја пренесол истата порака за поддршка на Договорот со Грција, за Македонија да биде дел од Алијансата. Најави дека за ова ќе разговара и со опозицијата. Вечер ќе се сретне и со премиерот Заев.

 

Ирина Гелевска