Говор на Заев во ЕП

13.09.2018 16:32

„Ќе бидеме Република Северна Македонија, но со признаен македонски народ и македонски јазик“- премиерот Заев во Европскиот парламент. Порача- припаѓаме на ова семејство...

Уште на самиот почеток од говорот, премиерот Заев нагласи дека тој е „почестен и повеќе од среќен за поканата, бидејќи за македонскиот народ ова е историски момент. Ова е прв пат, еден премиер на нашата земја да одржи говор пред Европскиот парламент, на својот, мајчин јазик“.

Притоа, македонскиот премиер додаде дека се чуствува како дома во ЕП, бидејќи, ова е домот на европското семејство на кое му припаѓаме. Но, и дека народот во нашата земја е исправен на уште еден историски крстопат.

Ќе бидеме Република Северна Македонија, но со признат македонски народ и јазик. Но, исто така знаеме какви се придобивките од таа одлука, и знаеме дека ова е најдобрата шанса што нашата земја ја добила досега. И знаеме дека тоа е шанса еднаш- засекогаш, и нема да ја пропуштиме. Ќе ја зграпчима таа шанса, зошто тоа е нашиот билет за ЕУ и НАТО. Горди сме што нашата сакана земја конечно има шанса да го закружи членството во ЕУ и НАТО, можам да почувствувам колку сме блиску до остварување на сонот за европска Македонија, затоа верувам дека референдумот ќе биде успешен и дека нашите граѓани ќе гласаат за Европа“, изјави премиерот Зоран Заев.

Според Заев, земјите од Балканот припаѓаат на европското семејство- географски, историски, културно, вредносно, и својата иднина ја гледаат како дел од Европската унија.

Договорот од Преспа, премиерот сака да послужиме како пример и инспирација за решавање на сите билатерални прашања на Западен Балкан

„Ние сакаме да бидеме пример и инспирација за решавање на сите билатерални прашања на Западен Балкан. Даваме силна поддршка на изнаоѓање одржливи решенија засновани на европските вредности и меѓународното право, кои трајно ќе го стабилизираат регионот и ќе го подготват за интеграција во ЕУ“, изјави Заев.

Премиерот Зоран Заев се враќа во Македонија со силна поддршка од ЕП за реализиацијата на референдумот на 30-ти септември, изразена преку зборовите на претседателот на ЕП, Антонио Тајани.

 

Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ