Исплатени 99 проценти од земјоделските субвенции

14.09.2018 12:55

Најмногу од средствата биле распределени за градинарството, а најмалку за органското производство.

До први септември годинава се исплатени 99 проценти од ланските субвенции или реализирани се вкупно 6,8 милијарди денари, изјави директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски.

Најмногу од средствата биле распределени за градинарството, а најмалку за органското производство.

Според директорот на Агенцијата, значително е зголемена и реализацијата на ИПАРД средствата.

На првиот јавен повик од ИПАРД 2 програмата биле доставени 1.680 апликации и досега се потпишани 800 договори, но се очекува бројот на корисници на овие средства да достигне 900.