Објавен јавниот повик за финансирање нискобуџетни авиокомпании

14.09.2018 13:37

Барањата за финансиска поддршка компаниите ќе можат да ги достават до Министерството за транспорт и врски, најдоцна до 12-ти октомври 2018-та година до 12 часот, кога ќе се одржи и јавното отворање.

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за доставување барања за доделување финансиска поддршка на авиокомпании за периодот од 2019-та до 2021-ва година за воспоставување нови линии од Меѓународниот aеродром Скопје и аеродромотот  Св. Апостол Павле во Охрид.

Барањата за финансиска поддршка компаниите ќе можат да ги достават до Министерството за транспорт и врски, најдоцна до 12-ти октомври 2018-та година до 12 часот, кога ќе се одржи и јавното отворање.

Јавниот повик е објавен во домашни и меѓународни гласила, како и на веб- страната на Министерството за транспорт и врски.