Газа

Загинати и повредени во ракетен напад на Хамас

09.08.2018 11:02

Израелските воздухопловни сили соопштија дека погодиле најмалку 12 цели во Газа, вклучувајќи фабрика за производство на бетон како и воени објекти.

Борци од палестинското исламистичко движење Хамас лансирале десетици ракети од појасот Газа кон Израел. Тел Авив возврати со воздушни напади.

Израелските воздухопловни сили соопштија дека погодиле најмалку 12 цели во Газа, вклучувајќи фабрика за производство на бетон како и воени објекти. Во воениот одговор на Израел, загинаа најмалку еден Палестинец, а се повредени најмалку петмина.

Нападот се случи и покрај тековните преговори за постигнување напредок кон евентуално примирје во последните 10 години.