Хелсинки

Топлотниот бран убива комарци во Финска

09.08.2018 11:31

Финска бележи едно од најтоплите и најсушни лета, а температурата во некои области достигна до 33 степени целзиусови...

Фински експерти за инсекти соопштија дека невообичаеното топло лето во таа нордиска држава влијае врз комарците кои во некои области целосно исчезнале, во Лапонија, на север од државата. Според експертите, топлотниот бран исушил плитки езера, односно места каде што живеат комарците.

Финска бележи едно од најтоплите и најсушни лета, а температурата во некои области достигна до 33 степени целзиусови. Екстремно топло е и во области во арктичкиот круг, каде се наоѓа третина од површината на Финска.