Еврокомесарот Хан во посета на Македонија

17.09.2018 10:26

Тој претпладнево учествува на отворањето на денови на Медиумите ЕУ - Западен Балкан, во организација на Европската комисија.

Во посета на македонската метропола е и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан. Тој претпладнево учествува на отворањето на денови на Медиумите ЕУ - Западен Балкан, во организација на Европската комисија.

Хан ќе има свое обраќање, во кое се очекува повторно да испрати силна поддршка за Македонија во пресрет на референдумот.