Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на гласачкото право

17.09.2018 11:06

Од Канцеларијата укажуваат на правото на непосредно изјаснување, и сметаат дека изјаснувањето на граѓаните и нивниот став во однос на ова референдумско прашање, е и нивна обврска...

Народниот правобранител ќе отвори бесплатна телефонска линија 0800- 54321, за да им помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на гласачкото право на слободно изразување на мислењето, и став за референдумското прашање.

Од Канцеларијата укажуваат на правото на непосредно изјаснување, и сметаат дека изјаснувањето на граѓаните и нивниот став во однос на ова референдумско прашање, е и нивна обврска и активен придонес за иднината на општеството.