САД

Жртви во ураганот „Флоренс“

17.09.2018 11:13

Крајбрежниот град Вилмингтон, Северна Каролина, е целосно отсечен од светот поради поплавите предизвикани од ураганот „Флоренс“. Во невремето загинаа 17 луѓе. Песимистички прогнози и за нарените два дена...

Ураганот „Флоренс“ усмрти 17 луѓе во три сојузни американски држави. Најкритично е во Северна и Јужна Каролина, и во Вирџинија. Во градот Вилмингтон, со 120 илјади жители, е прекинато снабдувањето со електрична енергија. Иако ураганот ослабна до ниво на тропска бура,  и натаму постои опасност од поплави поради зголемено ниво на водостојот на реките. Патиштата се непроодни  во  градот кој веќе наликува на остров. Спасувачките екипи успеваат да спасат голем дел од населението коешто првично одби да се евакуира. Потенцијалната штета е во распон од десет до 60 милијарди долари. Полицискиот час е продолжен откако петмина беа уапсени поради сомнение за кражба во продавница.

Успеавме од воздух да ја видиме предизвикана штета во Северна Каролина. Луѓето треба да сфатат дека некои области нема наскоро да добијат струја“, изајви Рој Купер, гувернер на Северна Каролина.

Бев да го разгледам теренот. Проблемите со електричната енергија се случија поради падот на дрвјата. Ужасно е, ќе ни биде потребно време.

Националната метеоролошка служба предупреди дека во наредните два дена состојбата ќе биде најкритична. Поради поплавите, на неколку локации е издадено преудпредување за населението поради опасност од појава на свлечишта.

 

Маја Филдишев