АХВ

Засилени контроли за присуство на ГМО во храната

09.08.2018 13:59

Генетски модификувана храна увезена во Македонија. Ова е откриено од Агенцијата за храна и ветеринарство, а станува збор за два производа, ориз и шницли од соја. Шницлите се по потекло од Србија, а оризот е од увезено модификувано семе. Пронајдени се околу 550 килограми ориз кој не бил пуштен во промет, а шницлите од соја се повлечени од продажба...

Во соини шницли од „Виталија“ и во кочански ориз се откриени генетски модифицирани организми, потврди првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство. Пратките се стопирани и повлечени од продажба. Сојата е увезена од Србија, а за семето на оризот допрва ќе се утврдува производителот, вели првиот човек на АХВ, Атанасов.

Се чека уништување на пратките. Операторите се санкционирани со казна од 5.000 евра, а одговорните лица во фирмите со казна од 1.700 евра, за производите на „Виталиа“, додава Атанасов, се чека супер анализа, бидејќи операторот по закон може да побара дополнителни испитувања.

Граѓаните не можат да распознаат кога се работи за присуство на ГМО во храната, тоа се докажува само преку лабораториски анализи.

Атанасов посочи дека контролите ќе се зајакнат. На пазарите од неодамнешната координирана акција со пазаришниот и комуналниот инспекторат не биле забележани отстапувања.

Петте оператори кои во меленото место ставале пилешко наместо декларираното говедско и свинско се санкционирани. Атанасов посочи дека се регулира и проблемот со чипирањето на домашните миленичиња и се очекува нивна апликација.

 

Фиљана Кока