Дебата

Македонија нема друга алтернатива освен НАТО

17.09.2018 13:18

Земјава нема друга алтернатива, освен НАТО е ставот на учесниците на дебатата за Алијансата, организирана од инфоцентарот за евроатлантски интеграции, поддржана од македонското МНР и Амбасадата на Холандија...

Македонија нема друга алтернатива освен НАТО алијанасата, е ставот на учесниците на дебатата. Ресорниот министер Никола Димитров посочи дека нема ниту една политичка партија во земјава во чија програма не е влезот на земјата во НАТО и ЕУ.

Со НАТО ние добиваме безбедност и мир, стануваме предвидливи и примамливи за инвестиции што ќе значи економски развој. Затоа, вели Димитров, на 30-ти септември граѓаните треба да го дадат својот глас за оваа опција. Посочи дека Договорот од Преспа не е совршен, но дека нема да има подобар.

Поранешниот вицепремиер од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, рече дека ќе изезе на гласање. Смета дека најголемата опозициска партија не смее да следи мали групи кои бојкотираат. ВМРО- ДПМНЕ треба да е водач. Не сакам да бидам неконзинстентен сега, кога веќе сум дал илјада изјави во кои сум кажал дека за секое решение ќе мора да се изјасниме на референдум. Затоа ќе одговорам на референдумското прашање и според разумот, но и според чувствата, додаде Тодоров.

Со свои ставови и пријатели од запад, но и нашите соседи. Зграбете ја шансата, што многу ретко им се нуди на малите народи, велат.

После осамостојувањето во 90-те речиси над 90 проценти од граѓаните беа за северноатланските интеграции, иако процентот на наклонетост кон НАТО се менуваше, тој никогаш не паднал под 65 проценти, согласни се учесниците во дебатата.

 

Фиљана Кока