ВМРО-ДПМНЕ: Да се промени името не е храброст, туку кукавичлук

17.09.2018 13:38

Зоран Заев ги повторува истите лаги секаде, а нема аргументи за губењето на институционалниот идентитет, македонската култура, историја и традиција, се вели во соопштението на опозициската партија.

Не е храброст да го промениш името, идентитетот, уставот и јазикот на Македонија, туку кукавичлук. Заев треба да се охрабри и да излезе на дебата, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев ги повторува истите лаги секаде, а нема аргументи за губењето на институционалниот идентитет, македонската култура, историја и традиција, се вели во соопштението на опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, договорот е капитулантски, со него се откажуваме сите Македонци и од се што е македонско и затоа за ВМРО-ДПМНЕ овој договор ниту е, ниту ќе биде прифатлив, се вели во соопштението.