Продолжува кампањата за референдумот

17.09.2018 13:41

Премиерот Заев попладнево и вечерва ќе учествува на средби со граѓани во Струга и во Охрид, а министерот за внатрешни работи Спасовски ќе учествува на трибина со граѓани во Берово во организација на „Излези за европска Македонија“.

Во рамките на кампањата за референдумот, премиерот Заев попладнево и вечерва ќе учествува на средби со граѓани во Струга и во Охрид, а министерот за внатрешни работи Спасовски ќе учествува на трибина со граѓани во Берово во организација на „Излези за европска Македонија“.

Вчера Демократската унија за интеграција во рамките на активностите на кампањата за референдумот одржа собир со граѓаните во Кичево, каде лидерот Али Ахмети го претстави ставот „за“ влез во најголемата воена алијанса НАТО.

Али Ахмети рече дека на 30-ти септември се гласа иднината, се обележува поновата модерна историја на државата. Карванот на ДУИ денеска ќе ги посети општините Брвеница и Боговиње.