Сочи

Путин и Ердоган ќе разговараат за ситуацијата во Идлиб

17.09.2018 13:48

Состанокот во рускиот град Сочи е продолжение на разговорите од Самитот во Иран на којшто Путин го отфрли предлогот на Ердоган за целосен прекин на огнот во Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин на средба со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, посветена на мировните напори за сириски Идлиб.

Состанокот во рускиот град Сочи е продолжение на разговорите од Самитот во Иран на којшто Путин го отфрли предлогот на Ердоган за целосен прекин на огнот во Сирија.

Идлиб е последното упориште на бунтовниците.