Брегзит

Курц и Макрон: Британија да не си оди од ЕУ без договор

17.09.2018 14:03

Лондонскиот градоначалник Садик Кан ја поддржа идејата за организирање на нов референдум за Брегзит...

Австрискиот канцелар Себастијан Курц порача - партнерите на Велика Британија во Европската унија треба да избегнат „тврд Брегзит“ во кој Лондон би го напуштил европскиот блок без постигнат договор.

Според Макрон, неопходно е да се постигне спогодба и целосно да се задржат правилата на ЕУ.

Претходно, лондонскиот градоначалник Садик Кан ја поддржа идејата за организирање на нов референдум за Брегзит во Велика Британија. На првиот, британските граѓани изгласаа излез од блокот.