Расте бројот на жртви

17.09.2018 14:29

Крајбрежниот град Вилмингтон во Северна Каролина, целосно е отсечен од светот поради поплавите предизвикани од ураганот „Флоренс“. Во невремето загинаа 18 жители...

Ураганот „Флоренс“ со смртоносни последици во три сојузни американски држави. Најкритично е во Северна Каролина. Во градот Вилмингтон е прекинато снабдувањето со електрична енергија. Иако ураганот ослабна до ниво на тропска бура,  и натаму постои опасност од поплави. Патиштата се непроодни  во  градот кој веќе наликува на остров. Полицискиот час е продолжен откако петмина беа уапсени поради сомнение за кражба во продавница.

Успеавме од воздух да ја видиме предизвикана штета во Северна Каролина. Луѓето треба да сфатат дека некои области нема наскоро да добијат струја“, изјави Рој Купер, гувернер на Северна Каролина.

Бев да го разгледам теренот. Проблемите со електричната енергија се случија поради падот на дрвјата. Ужасно е, ќе ни биде потребно време.

Од ударот на невремето не се поштедени ни Јужна Каролина ни  Вирџинија. Екипите успеваат да спасат голем дел од населението коешто првично одби да се евакуира. Претходно, над еден милион добија наредба за задолжителна евакуација. Некои од нив, и во најтешките времиња, успеваат да го сочуваат позитивниот став.

На радио зборуваа дека доброто расположение е заразно, народот се обидува да биде весел. Ние може само да се потрудиме да се заштитиме.

Националната метеоролошка служба предупреди дека во наредните два дена состојбата ќе биде најкритична. Поради поплавите, на неколку локации е издадено преудпредување за населението поради опасност од појава на свлечишта.

Големо невреме и на азискиот континент. Откако ги опустоши Филипините, тајфунот Мангхут, стигна во Кина. Најкритично е во Хонг Конг и Макао. Стотина луѓе се повредени, а милиони евакуирани. Бурата предизвика и голема материјална штета.

 

Маја Филдишев