Сугарески: Изгрaдбата на автопатот Миладиновци- Штип e во завршна фаза

17.09.2018 14:38

Незначителното пролонгирање е поради временските услови, градежните работи привршуваат во предвидениот рок, а единствено ќе остане да се постават заштитните огради и сообраќајната сигнализација, појасни Сугарески.

Се очекува до средината на идниот месец да заврши изградбата на автопатот Миладиновци- Штип, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по увидот на целата траса.

Незначителното пролонгирање е поради временските услови, градежните работи привршуваат во предвидениот рок, а единствено ќе остане да се постават заштитните огради и сообраќајната сигнализација, појасни Сугарески.

Автопатот Миладиновци- Штип е во должина од 47 километри, а вкупната вредност на инвестицијата е 226 милиони евра.