На Љуботенски бачила оддадена почит за осумтемина загинати бранители

10.08.2018 12:57

Македонија се сеќава, бранителите се дел од колективната меморија. На Љуботенски бачила оддадена почит за осумтемина загинати бранители, уште толку беа ранети пред 17 години во скопската месност...

Панихида за спомен на загинатите бранители  ЗА НИВНОТО ДЕЛО. Македонија се сеќава на 10-ти август 2001-та. Осуммина припадници на резервниот армиски состав не го дочекаа пладнето.

Семејствата и денес премалени од болка. Пред позлатените имиња на бранителите запишани на мермерот, оддадоа почит владина делегација, претставници од Министерството за одбрана и од Армијата, роднини, пријатели.

Од Здружението на бранителите велат држвата низ годините се обидела да ги обесштети семејствата. Помогнала во вработување на децата на починатите, а се работи и на решавање на станбените прашања. Велат,  97 насто од барањата на семејствата се исполнети.

Кобното утро во осум часот, во месноста Љуботенски бачила, на околу пет километри од селото, армиски камион наиде на заседа поставена од тогашната ОНА. Во ескплозијата на двете противтенковски мини, животот го загубија осуммина војници и уште толку беа ранети.

 

Анита Димитријевска