Матис во Македонија

17.09.2018 15:04

Првиот човек на Пентагон, Џејмс Матис во Македонија. Ја пренесе американската поддршка и ставот на Вашингтон. Вели- на референдумот одлучувате за вашата иднина...

Подготвени сме да ве дочекаме во НАТО ако така решите, изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис. Искажа силна поддршка за Договорот од Преспа кој, како што рече, е единствената шанса за иднината на земјава.

Успешен референдум е клучен за иднината на Македонија, зошто алтернатива за членството во НАТО и во ЕУ нема, посочи премиерот Заев.

Македонија е на еден чекор од членството во НАТО, рече министерката за одбрана Шекеринска оценувајќи дека поддршката од САД доаѓа во клучен период за земјава.

Матис се заблагодари за придонесот на македонските војници за мировните операции со што Македонија се покажала како доверлив партнер на САД.

 

Ирина Гелевска