СДСМ: Мицкоски да се изјасни за референдумот

10.08.2018 13:27

Немањето јасен став е против историскиот договор со Грција што носи членство во НАТО и ЕУ, со зачуван идентитет, велат во партијата.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за референдумот, што е светлата иднина, а што темното минато, возвраќаат од СДСМ.

Немањето јасен став е против историскиот договор со Грција што носи членство во НАТО и ЕУ, со зачуван идентитет, велат во партијата.

Ако за иднина, ВМРО- ДПМНЕ треба да ги повика своите членови да гласаат на референдумот, велат во СДСМ, бидејќи сите прогресивни сили се обединија околу иднината на Македонија.