Социјала

Социјалниот работник со интегрирани и поголеми надлежности

10.08.2018 15:13

Социјалниот работник добива повеќе надлежности. За подобра контрола едно стручно лице ќе управува со предмет засегнат во повеќе области. Ова особено се однесува на следење на состојбата во семејството...

Интегрирано водење предмет е новата алка во реформата на системот за социјална заштита. Требе да ги прилагоди услугите на институциите според потребите на поединецот. Социјалниот работник во име на клиентот ќе планира, бара и ќе договора услуги од разни социјални служби и здравствени организации. Во овој реформски процес, центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување ќе соработуваат за поуспешно справување со сиромаштијата, насилството, злоупотреба на децата.

На овој начин, корисниците на социјалните услуги нема да талкаат низ административните лавиринти- велат од УНИЦЕФ. Државата ќе има увид и контрола над работата на социјалните работници.

Во наредните месеци, сите стручни работници од центрите за социјална работа и 30 отсто од вработените во Агенцијата за вработување ќе поминат обуки за интегрирано управување со случаи.

 

Марина Стојанова- Тонева