Сирија

Москва: Рускиот „Иљушин-20“ соборен по грешка

18.09.2018 13:24

Воените власти соопштија дека во тек е потрага по остатоците од авионот, како и дека не очекуваат да има преживеани...

Министерот за одбрана на Русија потврди дека воениот авион „Иљушин-20“ кој синоќа исчезна од радарот над Средоземното Море бил соборен со ракета земја- воздух од сириската војска, во момент кога таа напаѓала израелски борбени авиони.

Воените власти соопштија дека во тек е потрага по остатоците од авионот, како и дека не очекуваат да има преживеани. Москва го обвини Тел Авив дека намерно го испровоцирале нападот на руското летало со тоа што не ги известиле на време за своите активности, па руските пилоти немале доволно време да го избегнат ударот.