Прилеп

Комплексот „Маркови кули“ претендира на постојаната листа на УНЕСКО

20.09.2018 15:21

Комплексот на природни реткости и културно богатство „Маркови кули“ од привремената, претендира да премине на постојаната листа на УНЕСКО. Првиот чекор е дводневната научна конференција која потврдува дека комплексот е еден од малкуте светски раритети. По спојот на природното и културното боигатство, државата ќе ја почне и правната постапка...

Природниот раритетен комплекс „Маркови кули“ кај Прилеп со богатото културно наследство од праисторијата, заслужува од привремената да биде на постојаната листа на УНЕСКО. Првиот чекор започна преку спојот на природното со културното наследство, се согласија учесниците на првата научна конференција за овој редок светски комплекс. Оваа европска година на културното наследство е добар стимул.

Научниците се единствени- „Марковите кули“ се раритетни во светот со рељефниот и геолошкиот состав на карпите кои низ милениумите создале уникатни форми.

Само Охридскиот регион е напостојаната, а Марковите кули на привремената листа на УНЕСКО од Македонија. Со ова се подготвува своевидно досие комплексот крајно, по 15 години, од привремената да премине на постојаната листа, што ќе донесе илјадници посетители.

Прилеп сака комплексот да го направи, што е најбитно, туристички атрактивен со проектот на УНДП од 100.000 долари.

Научните трудови за „Марковите кули“ ќе се најдат во меѓународно списание.

 

Елизабета Митреска