Брестовац: Сакаме резултати, но мораме да бидеме трпеливи

24.09.2018 10:31

Металург вчеравечер во Лигата на шампионите загуби од Бешикташ со убедливи 30:22, иако по првото полувреме имаше негатива од само еден гол (13:14).

Тренерот на Металург, Данило Брестовац побара трпение за неговиот млад тим да почне да покажува резултати.

Металург вчеравечер во Лигата на шампионите загуби од Бешикташ со убедливи 30:22, иако по првото полувреме имаше негатива од само еден гол (13:14).

Се чувствувам како некое мало дете што допрва вади млечни заби, но никако да ги извади. Имавме добри моменти на оваа средба, но и многу лоши моменти. Со младите мораме да бидеме трпеливи, мораме да изградиме добра база, добар тим и да го комплетираме ростерот со двајца или тројца странци. Знам дека сакаме резултати, но мораме да бидеме трпеливи. Од тоа корист нема да има само Металург, туку и репрезентацијата, изјави Брестовац.

Следен натпревар на металурзите е во СЕХА лигата на 30 септември против Татран Прешов.