Вардар со лесно против Кристијанштад за две победи по две кола

22.09.2018 20:53

Ова беше натпревар од второто коло во Лигата на шампионите по кој македонскиот претставник има максимални четири бода.

Продолжува максималниот ефект на ракометарите на Вардар на средбите со шведски Кристијанштад, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ црвено-црните триумфираа со 33:25.

Ова беше натпревар од второто коло во Лигата на шампионите по кој македонскиот претставник има максимални четири бода.

Победникот беше решен уште по првото полувреме со оглед на убедливите девет голови предност (19:10) за домаќините.

Двојките за другите натпревари од втората рунда во А групата се: Киелце – Рајн Некар Левен, Барселона – Веспрем и Мешков Брест – Монпелје.

Во следното коло, на 29 септември Вардар гостува во Унгарија кај Веспрем.