Битола

Хераклеа Линкестис добива трајна заштита за идните поколенија

02.10.2018 15:29

Во рамки на одбележувањето на Европските денови на заштита на културното наследство, во битолскиот „Завод и музеј“ се одржа јавна трибина- „Грижата за Хераклеа Линкестис денес- гаранција за утре“. На трибината експертите ги истакнаа новите придобивки од неодамна донесениот нов законски акт со кој Хераклеа има нов статус...

Со добивањето на статусот „Споменична целина од особено значење со подкатегорија големо значење“- Хераклеа Линкестис добива една трајна заштита за идните поколенија, велат експертите. Со новиот законски акт се дефинираат уште неколку важни елементи. Имено, одредувањето на границите и категоријата на локалитетот, режимот на зажтита и ограничувањето на активностите во контактната зона.

„Точно се знае што може и што не може да се прави. Бесправно изградените објекти во иднина ќе бидат максимално лимитирано. Под опсрвација ќе бидат и оние кои немаат документација и ќе се одлучува дали некои можат да добијат легализација“, вели претставникот од Управата за заштита на културното наследство, Данче Гулабовска.

На јавната трибина, осврт и за сѐ она што се истражувало во пртходните сто години. Археолозите велат дека освен истражувањето, значајни сегменти се конзервацијата на објектот како и неговата афирмација.

„Од страна на стручните екипи, заштитата е константна, а обемот зависи од средствата кои ги определува државатаМожам да кажам дека грижата досега била на високо ниво, што незначи дека може да биде и подобра“, вели археологот Енгин Насух.

„Ние како членови на Европската асоцијација на археолози секоја втора година на средбите се трудиме да го презентираме сето она што е ново истражено во локалитетот“, вели неговата колешка Аница Ѓоргиевска.

А Хераклеа, и во иднина тоа ќе го овозможува доколку има доволно средства, затоа што од заштитените 376 илјади метри квадратни, досега се истражени само 20 проценти.

Стевче Митревски