Прилепскиот театар со премиера на „Казимир и Каролина“

09.10.2018 14:09

Во Прилепскиот Народен театар вечер ќе биде изведена втората премиерна претстава годинава. Праизведбата во Македонија на текстот „Казимир и Каролина“ на германскиот автор Еден фон Хорват веќе се игра на европските сцени и иако е текст од пред 80 години, сепак е актуелен со денешните општествени состојби. Премиерата е во пресрет на празникот „11-ти Октомври“...

Може ли да опстои животната и љубовна приказна на двајца луѓе во општетство на морална и економска криза? Со ова прашање се занимава најновата премиера, втора по ред годинава, во Прилепскиот Народен театар. Претставата „Казимир и Каролина“ на германскиот автор Еден фон Хорват  е од пред повеќе од 80 години, но е актуелна до ден- денес.

За актерите е предизвик да се обликуваат ликовите кои може да се сретнат и во нашата средина. Претставата  е праизведба во Македонија, но е актуелна на европските сцени.

Ова е трета претстава на режисерката Витошевиќ со прилепскиот ансамбл. До крајот на годинава, Прилепскиот  театар ќе работи на уште две претстави.

 

Елизабета Митреска