ТВ Серија

Почна снимањето на третата сезона на „Преспав“

09.10.2018 16:14

Падна првата клапа. Во студиото на Македонската телевизија, опремено по сите стандарди, почна снимањето на третата сезона на телевизиската серија „Преспав“. Ќе се емитува од декември на првиот канал на јавниот сервис...

Падна првата клапа на снимањето на третата сезона на „Преспав“,  телевизиска серија што постигна голем успех. Се снима во Македонската телевизија. Емитувањето ќе почне од декември на првиот канал на МРТ. Се најавува интересно сценарио, многу заплети и комични ситуации.

„Преспав“ со сигурност ќе ја збогати програмата на националниот сервис и ќе поттикне креирање вакви слични проекти. Се покажа дека Македонија има капацитет за создавање на квалитетни аудиовизуелни продукти, изјави Марјан Цветковски, директор на Македонската Радио- телевизија.

Идејата и концептот на „Преспав“ се на продуцентот на серијата Пеце Талески, режијата е на Игор Иванов- Изи, Вардан Тозија и на Дина Дума.

„Преспав“ е комуникациски модел за симултано прикажување на европските вредности пред македонската публика. Како во претходните сезони, така и во третата, секоја епизода е стремеж за излегување од транзицијата и живот во пристоен општествен амбиент.

Автентичен, но со европски вредности, вели продуцентот Талески.

 

Александра Спировска