„Киненова“: Се оградуваме од каков било контекст кој е надвор и различен од уметност и авторска слобода

10.10.2018 14:41

Вечерва во 20 часот во киното „Фросина“свечено ќе биде затворено третото издание на меѓународниот фестивал на дебитантски филм „Киненова“ со филмот „Ага“ на Милко Лазаров. Поради јавното споменување и инволвирање на фестивалот „Киненова“ во случувањата со филмот „Ругање со Христос“, директорот на фестивалот Небојша Јовановиќ, излезе со соопштение.

„Киненова“ е фестивал кој се занимава со филмска уметност , а не со верска и со национална омраза. Се оградуваме од каков било контекст кој е надвор и различен од уметност и авторска слобода, изјави директорот на фестивалот на дебитантски филмови Небојша Јовановиќ, за разногласието и инволвирањето на овој фестивал, како што рече, околу прикажувањето на филмот „Ругање со Христос“.

На рочиштето, јавниот правобранител во име на Министерството за култура, го повлече своето барање против фестивалот „Киненова“ . Ние решивме да го прифатиме ова, рече Јовановиќ. Не смета дека филмот шири омраза и посочи дека ако имало какви било потенцијални проблеми, ќе ги согледале при донесувањето одлука тој да биде селектиран во официјалната програма.

Според хрватскиот сценарист Анте Томиќ, во Македонија и во Хрватска искуствата на луѓето се исти. Вели, она што земјите од поранешната држава го поминаа пред 25 години, сега го доживува светот.

Сценаристот на бугарскиот филм „Ага“ верува во слободата на секој автор да се занимава со теми и да ги интерпретира како што смета, но не верува во цензура. И ако еден човек се плаши од филм, тоа не е проблем на филмот, туку на човекот, додаде Венциславов.

 

Александра Спировска