Производство на мебел

Со државна поддршка до поголема продажба

10.10.2018 15:45

Индустријата за мебел се соочува со сива економија. Речиси 40 проценти од заработката оди кај дивите производители. Експертите со препорака - компаниите да вработуваат стручни кадри и да го збогатуваат асортиманот, а не да произведуваат копии...

Тешко е да се изградат имиџ и бренд, вели младиот дизајнер и бизнисмен Александар Додевски. Квалитетните и оригиналните парчиња мебел имаат цена, но тешко е да се продадат овде. Предрасудите дека станува збор за домашен производ ја уриваат цената. Смета дека поддршка од државата како и олеснување во давачките ќе ја поттикне продажбата и на странските пазари.

Младите дизајнери не се доволно искористени, вели универзитетскиот професор Елена Никољска. Компаниите треба да вработуваат стручни кадри и да го збогатуваат асортиманот, а не да произведуваат копии.

Повеќе од 100 регистрирани производители на мебел се соочуваат со сивата економија. Од Здружението на дрвната индустрија при Стопанската комора на Македонија посочуваат дека поради нерегулираниот пазар, речиси 40 проценти од заработката оди кај дивите производители. Ова директно се одразува и на стопанството.

Дрвната индустрија учествува со незначителни 0,5 проценти во бруто- домашниот производ.

 

Дијана Ценевска