Поблиска соработка меѓу македонските и австриските компании

04.03.2014 09:10

Во Македонија доаѓа делегација од австриски компании со цел да остварат бизнис-соработка со македонски фирми...

Со цел да се поттикне соработката меѓу австриските и македонските компании, Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Австрија денеска организира Македонско-австриски бизнис-форум.
 
„Во Македонија доаѓа делегација од австриски компании со цел да остварат бизнис-соработка со македонски фирми од сферата на третманот и пречистувањето на отпадни комунални и индустриски води, подготвување на вода за пиење, управување со отпад, безбеден пренос на податоци за индустриски апликации и индустриска автоматизација“, соопшти Стопанската комора на Македонија.