ФОТО:Груевски оствари средба со жителите од реканскиот крај

18.08.2013 01:34

Премиерот Никола Груевски денеска го посети реканското село Ростуше по повод отворањето на повеќенаменска спортска сала од проектот на Агенцијата за млади и спорт.

Премиерот Никола Груевски денеска го посети реканското село Ростуше по повод отворањето на повеќенаменска спортска сала од проектот на Агенцијата за млади и спорт.

Ростуше е седиште на општината Маврово-Ростуше и центар на реканскиот крај, кој е печалбарски и во изминатите неколку децении од него се отселиле околу 40 отсто од жителите. Тие ги посетуваат родните огништа токму во овој период од годината.

Груевски имаше средби со жителите на Ростуше, а до крајот на денов ќе ги посети и околните села Жировница, Требиште, Скудриње, Јанче, Могорче. Од Ростуше во изјава за медиумите, прати порака до печалбарите дека реканскиот крај се развива.

sredbi1

sredbi1

- Како Влада никогаш не сме го заборавиле, ниту оставиле, ниту потцениле овој крај. Јас сум во некое од овие места секоја или секоја втора година за да разговарам за проблемите. Градоначалникот е многу посветен за да го подобри овој крај, а ние му помагаме колку што можеме и со заеднички напори се обидуваме овие населени места да се развиваат, да одат напред и да станат колку што е можно поквалитетни за живеење, истакна Груевски.

sredbi

Премиерот соопшти дека покрај спортската сала, во Ростуше наскоро ќе биде готова фасадата и системот за греење во Средното општинско училиште, во кое беа доизградени осум нови простории, а со средства од Светска банка треба да почне целосна реконструкција на водоводот.