Формула 1

Хамилтон најбрз на првиот тренинг

28.03.2014 09:13

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон постави најдобро време на првиот тренинг во пресрет на трката за големата награда на Малезија.

Иако се очекуваше дожд и грмотевици, тренингот мина на сува патека и високи температури што можат да бидат дополнителен проблем за тимовите во текот на викендот.

Хамилтон на патеката остана 19 кругови и постави најдобро време 1:40,691, што беше за 15 стотинки подобро од брзиот круг на Кими Раиконен со Ферари и за нешто повеќе од три десетинки од резултатот на Нико Розберг.

Доминацијата на моторите на Мерцедес ја потврсија и возачите на МекЛарен Батон и Магнусен со пласманот зад најдобрата тројка, иако Магнусен поради проблеми не успеа да се врати во боксот.

Продолжуваат големите проблеми за Лотус,па Гросжан остана на патеката, а Малдонадо уште во првиот круг мораше да се врати во боксот откако се појави чад на неговиот болид.

Квалификациите за ГН Малезија се утре во 9 часот, трката в недела од 10 со пренос на првиот програмски сервис на МРТ.