Триумф во Малезија на Луис Хамилтон

30.03.2014 14:09

Британецот ја потврди пол позицијата со првата негова победа на Сепанг, 23-та во неговата кариера, во доминантниот и безгрешен викенд на најисцрпувачката патека во Формула 1 распоредот. Во дијаметрално различни услови – на пеколните горештини за време на трката и во поројните дождови во квалификациите, 29 годишниот шампион од 2008-та покажа дека во 65-та Ф1 сезона ќе биде првиот фаворит за тронот.
 
Нико Росберг го заокружи 1-2 викендот за Мерцедес, пред актуелниот и четирикратен шампион Себастијан Фетел. Упорниот, најупорниот Фернандо Алонсо стигна до 4-та позиција, по откажувањето на Рикиардо иницијално поради грешка на механичарите при промената на неговите пневматици, а потоа и поради откажување на болидот.
 
Во бодови влегоаа уште и Хулкенберг од Форс Индија, Батон од Мекларен, двајцата возачи на Вилијамс, Маса и Ботас, како и дебитантите Магнусен од Мекларен и Квјат од Лотус, кои што повторно ги изненадуваат сите со маестралниот старт на руки сезоната.
 
Нико Росберг останува прв со 43 бода, пред Хамилтон со 25. Алонсо има бод помалку во поредокот кај возачите. Кај конструкторите, Мерцедес со 68 го презеде врвот  од Мекларен со 43 бода. На третата позиција е Ферари со 30.
 
Следните Ф1 возбудувања се на 6 април, во Бахреин и во живо на МТВ.