Јавен повик

20.11.2013 14:15

Почитувани,

 

Македонската Радио Телевизија ги повикува сите продуцентски куќи и поединци, граѓани на Р. Македонија, со своите креативни идеи, решенија и размислувања да аплицираат на повикот за заедничка реализација или копродукција на ТВ Проекти од повеќе области:

  • Анимирана детска програма
  • Играна детска програма
  • Детска шоу програма
  • Документарна програма
  • Играна програма
  • Образовни програма
  • Забавна програма
  • Спортска програма

 

Сите заинтересирани апликанти со свои идеи и предлози можат да аплицираат на следнава e-mail адреса: mrt@mrt.com.mk. Јавниот Сервис МРТ, работи во служба на граѓаните на Р. Македонија, со цел промоција на вредностите од сите сегменти на нашето опшество. Со Ваша помош да придонесеме за подобра и поквалитетна програма  на МРТ.

 

Со Почит,

Македонска Радио Телевизија