Во Аеродром,почнати 65 насто од проектите

28.11.2013 14:12

За шест месеци во Општината Аеродром

За шест месеци во Општината Аеродром почнати со реализација се 65 насто, или 71 проект од ветените 108.Сите ќе се завршат до крајот на идната година,како што беше ветено во четиригодишната програма,рече градоначалникот Ивица Коневски.Дополнително има проекти кои иако не беа ветени поради значењето за граѓаните, се реализирани.