Формула 1

Росберг под истрага

24.05.2014 16:35

Нико Росберг ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за големата награда на Монако, но може да ја загуби со одлука на стјуардите на трката кои најавија истрага за настаните во последниот круг на истекот на завршниот трет дел од квалификациите.

Имено, во последниот брз круг Росберг на свиокот Марибо ја напушти патеката, а жолтите знамиња го оневозможија Хамилтон да постави ново време. Ќе се истражува дали германецот тоа го направил намерно или едноставно бил принуден.Стјуардите покрај изјави од возачите ќе ги анализираат и информациите од компјутерот во болидот на Росберг за да утврдат дали имало реални причини да ја напушти патеката.Според Росберг во тие моменти бил над лимитот и постоела можност за контакт со бариерите.