Ракомет

Блог вести

  • Ракомет 20.12.2016 18:23

    Иранецот Јусефинеџад во Металург

    Во продолжение на сезоната во којашто ќе игра на два фронта, во СЕХА и домашната ракометна лига, Металург ќе биде посилен за Иранецот, Амин Јусефинеџад.

  • Ракомет 20.12.2016 18:13

    Почна мундијалската операција „Франција 2017-та“

    Машката ракометна репрезентација на Македонија во јануари следната година по петипат ќе учествува на Светско првенство или девети на големо натпреварување. На мундијалот во Франција резултатот е важен, целта е осминафинале, без разлика на паралелното подмладување и освежување на селекцијата.

  • Ракомет 16.12.2016 21:09

    Незгодни гостувања за Вардар и Металург

    Во предновогодишната гостинска турнеја на македонските тимови во СЕХА лигата, по поразите во Загреб и во Целје, ракометарите на Вардар и Металург имаат победничка амбиција со различна цел.

  • Ракомет 16.12.2016 21:05

    Червар отпиша уште четворица

    Селекторот, Лино Червар ја намали конкуренцијата од 28 на 24 ракометари кои ќе се обидат да обезбедат место во македонската репрезентација којашто во јануари следната година ќе игра на Светското првенство во Франција.

  • Ракомет 13.12.2016 19:39

    Загреб причина за прв вардаров пораз

    Загреб ја прекина победоносната серија на Вардар на стартот на Лигата на шампионите, хрватскиот првак е и првиот што ги совлада црвено - црните во СЕХА натпреварувањето.

  • Ракомет 29.10.2016 19:54

    Деветта победа на Вардар во СЕХА

    Трета сезона по ред, Вардар двапати слави против Татран во регионалната лига. Денеска без да се потроши, со одмор за петмина стандардни ракометари, црвено-црните во „Арена“ во Прешов ја забележа 13-тата победа во 15-от сезонски натпревар, деветта во десеттиот настап во СЕХА.

  • Ракомет 22.10.2016 21:36

    ППД Загреб – Вардар 28:27

    И во петтиот обид во Лигата на шампионите Вардар не го победи Загреб. Иако водеше со 17-12 на полувреме и имаше контрола на резултатот, сепак не успеа да остане непоразен. На крајот на семафорот пишуваше 28-27. Откако ја испушти контролата на резултатот, и среќата побегна од македонскиот првак.

  • Ракомет 12.10.2016 17:05

    Вардар против Извиѓач како подготовка за Сегед

    Првиот против последниот, најдобриот напад против најслабата одбрана, двојниот шампион против повратникот, искуството против младоста, сите елементи се на страната на Вардар во мечот од шестото коло против Извиѓач, но најмногу квалитетот.

  • Ракомет 12.10.2016 10:36

    ППД Загреб – Металург 29:20

    Загреб беше фаворит и лесно го совлада Металург. Му требаше победа и ја оствари, и тоа најубедливо досега во меѓусебните дуели.

  • Ракомет 13.09.2016 16:18

    Ново ракометно дерби за Вардар, по Веспрем, на ред е Загреб

    Ракометниот земјотрес од натпреварот со Веспрем, Вардар сака да го пренесе и против Загреб. Ако Унгарците се првиот, хрватскиот тим е вториот ривал за македонскиот првак на патот до врвот во СЕХА лигата.

Pages