Спорт

  • Фудбал 24.03.2017 16:36

    Само победа и ништо друго за Македонија против Лихтенштајн

    Само со добар впечаток не се остваруваат резултати, па по четирите порази во квалификациите за Светското пр5венство во 2018-та, македонската фудбалска репрезентација е пред императив да триумфира. Против Лихтеншатјн, првпат и според квалитетот и по ФИФА рејтингот, Македонија ќе биде фаворит.

  • Ракомет 17.03.2017 11:09

    Мешков Брест победи во Загреб и обезбеди „фајнл – фор“ во СЕХА лигата

    Ракометарите на шампионот на Белорусија Мешков Брест со победата постигната синоќа над Загреб на гости со 31:25, обезбедија пласман на „фајнл-фор“ турнирот во СЕХА лигата.

  • Тенис 17.03.2017 11:08

    Вавринка избори полуфинале на мастерсот во Индијан Велс

    Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерс турнирот 1000 што се игра во Индијан Велс.

    Тој ноќеска по голема борба го совлада Доминик Тием од Австрија со 2:1 во сетови во решавачкиот сет во тај брекот беше 7:4 на поени.

  • Кошарка 17.03.2017 11:07

    Победи за Кливленд и Голден Стејт во НБА лигата

    Првопласираните екипи во двете конференции во НБА лигата Кливленд и Голден Стејт на ноќеска одиграните дуели остварија победи.

  • Фудбал 16.03.2017 16:05

    Трофејот од Супер купот пристигна во Скопје

    На 8 август 2017 година Скопје ќе биде домаќин на големиот фудбалски настан – Супер купот на УЕФА, натпревар на кој во македонската престолнина ќе се сретнат двете најдобри екипи во Европа. Во насока на популаризација на овој настан трофејот од купот викендов ќе биде изложен во Скопје.

  • Фудбал 14.03.2017 16:07

    Две селекции со иста цел - успех

    Слатки маки по пласманот на репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година на Европското првенство, две селекции со слична цел, староседелците да одиграат квалитетен континентален шампионат, новата генерација да се пласира на следното првенство.

  • Кошарка 10.03.2017 21:39

    Јорданчо Давитков нов селектор на Македонија

    Јорданчо Давитков ќе ја има обврската да ја врати кошаркарската репрезентација на Македонија во европската елита. 54-годишниот Давитков по вторпат ќе биде селектор откако во периодот од 2001-ва до 2007-ма ја однесе нашата репрезентација од Б во А дивизијата.

  • Фудбал 09.03.2017 14:25

    Лион - Рома ексклузивно на МТВ1 во 21.05

    Со европско реноме, но без трофеи Лион и Рома третпат ќе се соочат откако во 2007-ма Италијанците по 0:0 во Рим, на тогашниот Жерлан славеа со 2:0 во осминафиналето на Лигата на шампионите.

  • Фудбал 09.03.2017 08:11

    Барселона со неверојатен финиш стигна до четвртфиналето на ЛШ

    Фудбалерите на Барселона успеаја да направат подвиг откако во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите синоќа успеаја да ја надополнат негативата од 0:4 од првиот дуел со ПСЖ и со победа од 6:1 на „Камп Ноу“ да се пласираат во следната рунда.

  • Фудбал 23.02.2017 16:40

    Стартни 1:0 за Фиорентина против Борусија Менхенгладбах

    Гостинската победа од 1:0, со слободниот удар на Бернардески во 44-та минута и овозможува стартна предност на Фиорентина, но Борусија се надева дека пропуштеното во добрата игра во Менхенгладбах ќе и се врати со позитивен резултат на Артемио Франки. 

Pages