Спорт

  • Ветувачки БАХЛ викенд за хокеарите на Металург

    Македонскиот претставник во Балканската хокеарска лига (БАХЛ), екипата на Металург од Скопје, одигра три натпревари во текот на викендов, во рамките на 1. Дивизија.

  • Ракомет 02.12.2013 15:59

    Стојковиќ на „цртата“

    Металург преговара за трансфер на Растко Стојковиќ кој би бил засилување за позицијата пивот. Македонскиот ракометен вицепрвак го има Димовски како прва опција на линијата, но клупското раководство се обидува да донесе дополнителен квалитет во екипата којашто игра на четири фронта.

  • Тенис 02.12.2013 15:11

    Ѓорческа напредува на ВТА листата

    Лина Ѓорческа по настапите во Анталија направи нов прогрес на листата на најдобрите светски тенисерки. Најдобрата македонска тенисерка  по настапите во Анталија напредуваше за 17 места. Според најновата ВТА листа 19 годишната Ѓорческа е 518 тенисерка во светот со 63 поени.

  • Ракомет 02.12.2013 15:09

    Зомимак на ветриштата од Вардар и Металург

    Вардар и Металург јуришаат кон нокаут - фазата во Лигата на шампионите, но восхитот на публиката од европските настапи на македонските клубови го „билда“ и струмички Зомимак.

  • Кошарка 02.12.2013 15:07

    МЗТ Скопје добива нов кормилар

    Раководството на екипата од Аеродром ја прекина соработката со српскиот стратег Влада Вукоичиќ, на жешкото столче седнува уште еден Словенец.

  • Кошарка 02.12.2013 15:05

    Мајами во низа, Њујорк во криза

    Со исклучок на натпреварот во Лос Анџелес, преостанатите три ноќешни НБА дуели донесоа возбудлива кошарка. Шампионот Мајами се спасуваше од пораз дома против Шарлот. „Жешките“ славеа со 99:98 иако во пресрет на последниот период губеа со 12 разлика.

  • Фудбал 01.12.2013 19:32

    Вардар не играше, три екипи на врвот

    Шкендија и Пелистер не погодија во противничките мрежи во меѓусебниот дуел од 18-то прволигашко фудбалско коло. Иако натпреварот беше динамичен, лошите услови не дозволи стрелците да дојдат до израз.

  • Кошарка 30.11.2013 14:59

    Нов болен пораз

    Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го забележаа шестиот пораз во десеттиот настап во Јадранската лига. Во арената „Борис Трајковски“ победнички одигра Цибона со 93-88 (28-10, 21-25, 16-26, 23-32), иако македонскиот тим оствари убедлива предност од 42-16  во шеснаесеттата минута од средбата.

  • Формула 1 30.11.2013 13:36

    Малдонадо во седиштето на Раиконен

    Пастор Малдонадо е нов пилот на „Лотус“, иако се шпекулираше дека наследник на Кими Раиконен може да биде и Нико Хулкенберг. Сепак, откако Германецот се врати во „Форс Индија“, Лотус побрза да го обезбеди Малдонадо како свој возач во наредната сезона во шампионатот во Формула 1.

  • Ракомет 30.11.2013 13:22

    Погледите и кон Минск

    Седмото коло во Лигата на шампионите неа ЕХФ навидум би требало да биде формално за македонските претставници. Вардар денеска ќе и гостува на Барселона која е апсолутен фаворит, а Металург утре ќе го пречека Тун што би требало да значи дека очекува победа со рутинска игра.

Pages