Спорт

  • Фудбал 27.11.2013 21:37

    Пелистер на врвот

    Со серија од четири победи Пелистер изби на водечката позиција во Првата македонска фудбалска лига по некомплетното 17.коло. Битолскиот тим денеска го совлада Гостивар пред своја публика со 1-0 со голот на Воденичаров во 75. Минута.

  • Кошарка 27.11.2013 17:47

    Макаби е подготовка за Цибона

    Без поголеми амбиции МЗТ Скопје ќе гостува во Хаифа кај Макаби во седмото коло од Еврокупот.
  • Фудбал 26.11.2013 13:01

    Бошко Ѓуровски – нов селектор

    Бошко Ѓуровски ќе биде новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација. Поранешниот репрезентативец ја доби довербата на Фудбалската федерација на Македонија и од 1.јануари 2014, во наредните две години, ќе го предводи националниот тим.

  • Ракомет 26.11.2013 12:32

    Магдинчев го гради тимот

    Македонските ракометарки го одржаа првиот тренинг пред учеството на пријателскиот турнир во Врњачка бања од 29.ноември до 1.декември.

  • Кошарка 26.11.2013 12:17

    Нема запирање за Сан Антонио и за Индијана

    Продолжи победничкиот чекор на Сан Антонио и на Индијана во НБА лигата. Водечките екипи во двете конференции во ноќешните натпревари го искористија домашниот паркет.

  • Кошарка 26.11.2013 12:02

    Шампионот гостува во Куманово

    По трите победи на претходните четири натпревари, кошаркарите на Куманово денеска ќе го пречекаат Галил Гилбоа во Балканската лига. Македонскиот претставник ќе има тешка задача против шампионот во БИБЛ од минатите две сезони.

  • Фудбал 26.11.2013 11:57

    Се зголемува осминафиналното друштво

    Барселона и Атлетико Мадрид го обезбедија настапот во елиминацискиот сегмент од Лигата на шампионите на УЕФА уште по четвртото коло.

  • Фудбал 25.11.2013 16:34

    Нацијата верува - Пандев не е завршена приказна

    Откако Пандев ја официјализираше одлуката да и стави крај на кариерата во дресот со државниот грб, фудбалскиот немир кај нас доби уште поголеми димензии. со право! За македонската селекција тој е незаменлив елемент.

  • Кошарка 25.11.2013 16:24

    Победата над Игокеа, можна пресвртница во сезоната

    Му требаше време на МЗТ Скопје да се прилагоди на растргнатоста на два колосека, го влечеа надолу постојаните повреди коишто му го скусуваа ростерот, резултатите не беа според желбите, далеку се од ланските дострели... Сепак, делчињата од мозаикот почнуваат да се местат.

  • Ракомет 25.11.2013 16:23

    Не еден, реално е два осминафиналиста!

    Ривалството продолжува! Спортска Македонија , но и ракометна Европа добија уште една потврда зошто Скопје е најракометниот град на стариот континент.

Pages