Спорт

  • Фудбал 01.07.2016 14:04

    Велс или Белгија против Португалија?!

    Минаа 58 години од првата велшка фудбалска револуција, 36 од најголемиот белгиски успех, откако заедно дојдоа во Франција, патот ќе им се раздвои вечер во Лил.
  • Фудбал 30.06.2016 13:39

    Тактиката на Сантош и генијалноста на Роналдо за полуфинале

    Една суперѕвезда и околу неа играчи коишто или го минале зенитот или допрва стапуваат на сцената. Соочен со таков ростер, не е ни најмалку изненадување што Фернандо Сантош скршна од традиционалното сфаќање на Португалија како европски Бразил.

  • Фудбал 30.06.2016 07:58

    Неуверливата Португалија против гранитната Полска

    Португалија, староседелецот, против Полска, која првпат се соочува со тежината на чекорењето кон европските височини. Со сила и рутина на стар освојувач на фудбалските простори, Португалците со еден замав ја тргнаа Хрватска од својот пат.

  • Фудбал 29.06.2016 15:42

    Крај на шпанската слава

    Од 29-та јунска ноќ во Виена 2008, опстоја до 27-та јунска квечерина во Париз оваа 2016. По осум години неприкосновеност, урната е шпанската фудбалска династија на континентот. Падна митот за „црвената фурија“ којашто обележа едно свое, но и значајно европско поглавје.

  • Фудбал 29.06.2016 14:26

    Англија без идентитет

    50 години патење, а фудбалската депресија нема крај, Англија е до, можеби и го допре дното.
  • Фудбал 28.06.2016 16:16

    Фудбалот веќе не е споредна работа

    Почна со 24, продолжи со 16, останаа уште осум репрезентации и навивачки групи на ЕУРО. Нема веќе Ирци, нема Англичани, од островот тука е само „црвениот ѕид“ на Велс, доаѓаат Исланѓани. Германците и Италијанците се стандардно бројни.

  • Фудбал 27.06.2016 08:31

    Тројцата големи и дебитантот со иста желба

    Двајца европски, односно тројца светски шампиони и еден натрапник за крај на осминафиналниот сегмент на фудбалското континентално првенство, Италија - Шпанија и Англија - Исланд.

  • Фудбал 26.06.2016 13:13

    Промоција на уште три четвртфиналисти

    Неделната тројна осминафинална програма од 15 часот во Лион ќе почне со дуелот меѓу домаќинот и Република Ирска.

  • Фудбал 25.06.2016 20:10

    Велс ја доби британската пресметка со Северна Ирска

    Велс не беше подобар на теренот од Северна Ирска, но триумфираше со 1-0 и ќе игра во четвртфиналето на Европскиот фубалски шампионат во Франција. Автоголот на Герет Мек Оули во 75-тата минута ја направи разликата на теренот на „Паркот на пронцовите“ во Париз.

  • Фудбал 24.06.2016 21:10

    Швајцарија и Полска ја отвораат нокаут-фазата

    Осминафиналето на фудбалското ЕУРО ќе го почнат в сабота Швајцарија и Полска. Во Сент Етјен двобој на селекциите коишто завршија второпласирани и првпат ќе бидат дел од нокаут-фазата.

Pages