• Свет 19.09.2018 12:36

    Нова ера во односите меѓу Северна и Јужна Кореја

    Лидерите на Северна и на Јужна Кореја, Ким Јонг-ун и Мун Џае-ин потпишаа декларација на средбата во Пјонгјанг. Ќе бидат преземени конкретни чекори кон нуклеарно разоружување и демонтирање на севернокорејските нуклеарни објекти во присуство на меѓународни експерти.

  • Свет 19.09.2018 11:10

    Брнабиќ: Центрите за мигранти во Србија се гласини

    Српската премиерка Брнабиќ ги негира информациите за преговори за центри за мигранти во Србија, како и за доаѓање на европската гранична служба Фронтекс за зашита на границите на Европската унија.

  • Свет 19.09.2018 10:39

    Лидерите на двете Кореи потпишаа декларација

    Лидерите на Северна и на Јужна Кореја Ким Јонг-ун и Мун Џае-ин потпишаа декларација на средбата во Пјонгјанг. На самитот е склучен и воен договор од министрите за одбрана со цел  да се намалат тензиите на Полуостровот.

  • Свет 18.09.2018 13:24

    Москва: Рускиот „Иљушин-20“ соборен по грешка

    Министерот за одбрана на Русија потврди дека воениот авион „Иљушин-20“ кој синоќа исчезна од радарот над Средоземното Море бил соборен со ракета земја- воздух од сириската војска, во момент кога таа напаѓала израелски борбени авиони.

  • Свет 18.09.2018 12:58

    Трета средба на лидерите на двете Кореи

    Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во Пјонгјанг на трет состанок со лидерот на северна Кореја Ким Јонг-ун. Делегацијата беше пречекана и од илјадници Севернокорејци со цвеќиња и слогани за повторно обединување.

  • Свет 18.09.2018 11:45

    Се зголемува бројот на жртви во ураганот „Флоренс“

    Ураганот „Флоренс“ иако ослабен, и натаму предизвикува огромна штета во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина, додека се движи крај источниот брег кон Вирџинија и Нова Англија.

    Бројот на жртви се зголеми на 23. Метеоролозите преудпредуваат дека најлошото допрва следува.

  • Свет 18.09.2018 11:04

    САД со нови тарифи од 10% за Кина

    Претседателот на САД Доналд Трамп воведе царини од 10 проценти на дополнителен увоз на кинески стоки од 200 милијарди долари од 24-ти септември.

  • Свет 18.09.2018 10:33

    Путин и Ердоган договорија демилитаризирана зона во Идлиб

    Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот шеф на државата Реџеп Тајип Ердоган постигнаа договор за формирање на демилитаризирана зона во Идлиб за да се избегне воена операција што се најавува веќе неколку недели.

  • Свет 18.09.2018 10:00

    Средба на лидерите на двете Кореи

    Јужнокорејскиот претседател Мун Џае- ин пристигна во Пјонгјанг на трет состанок со лидерот на северна Кореја Ким Јонг-ун.

    Дводневната посета е подготовка за разговорите меѓу Пјонгјанг и Вашингтон чијашто цел е да се стимулира таканаречената „нуклеарна дипломатија“.

  • Свет 17.09.2018 14:03

    Курц и Макрон: Британија да не си оди од ЕУ без договор

    Австрискиот канцелар Себастијан Курц порача - партнерите на Велика Британија во Европската унија треба да избегнат „тврд Брегзит“ во кој Лондон би го напуштил европскиот блок без постигнат договор.

Pages