• Свет 24.01.2018 12:45

    Турција: Можно проширување на офанзивата во Сирија

    Турската армија тврди дека во воената офанзива во сирискиот регион Африн се убиени најмалку 260 борци на курдската милиција ИПГ и на ИД, а турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу најави можно проширување на офанзивата.

  • Свет 24.01.2018 11:46

    Џером Пауел- нов директор на Централната банка на САД

    Мнозинството во Сенатот на САД го потврди изборот на Џером Пауел за нов директор на Централната банка. Од 2012-та година Пауел беше дел од бордот на гувернери, а по професија е адвокат.

  • Свет 24.01.2018 11:14

    Италија: Евакуација поради опасност од лавина

    Четири хеликоптери евакуираа 150 лица од луксузен хотел на италијанските Алпи поради опасност од лавина. Туристите се времено сместени во фискултурна сала во Сан Валентино.

  • Свет 24.01.2018 10:23

    Нападната канцеларија на хуманитарна организација во Џалалабад

    Единаесет луѓе се порведени во напад врз канцеларијата на меѓународната хуманитарна организација „Спасете ги децата“ во источниот авганистански град Џалалабад.

    Во инцидентот учествувале бомбаш- самоубиец и неколку вооружени напаѓачи кои влегле во објектот. 

  • Свет 23.01.2018 16:16

    Измени на правилата за азил во ЕУ

    Измените во правилата за барање азил во Европската унија ќе предизвикаат нов прилив на мигранти во Германија.

  • Свет 23.01.2018 14:04

    ЕУ избриша осум држави од црната листа на „даночни раеви“

    Европската унија соопшти дека симнува осум држави од списокот на „даночни раеви“, односно држави кои не соработуваат доволно со унијата во борбата против избегнувањето плаќање даноци и перењето пари.

  • Свет 23.01.2018 12:47

    САД: Надмината финансиската блокада

    Републиканската и Демократската партија постигнаа компромис за продолжување на финансирањето на буџетот до 8-ми февруари, период во кој ќе се водат и преговори за нова регулатива во рамките на мигрантската политика. Американскиот претседател Трамп го потпиша законскиот акт за привремен буџет.

  • Свет 23.01.2018 12:28

    Советот за безбедност не ја осуди турската офанзива во Сирија

    Советот за безбедност на Обединетите нации не ја осуди турската офанзива против Курдските борци во северна Сирија. Претходно зад затворени врати се одржа итен состанок, на барање на Франција, која изрази голема загриженост, оценувајќи ја ситуацијата како трагична.

  • Свет 23.01.2018 11:48

    Абас бара ЕУ да ја признае Палестинската независност

    Претседател Махмуд Абас побара од земјите-членки на Европската унија да ја признаат палестинската независност, а официјален Брисел инсистира на нов дијалог со Израел.

  • Свет 23.01.2018 11:17

    Еврогрупата со нова транша за Грција

    Министрите за финансии на Еврозоната  со нова транша од 6,7 милијарди евра од пакетот економска помош за Грциај.

    Парламентот во Атина усвои серија економски мерки со кои се ограничи правото на штрајк и се спроведоа нови кратења во државните расходи.

Pages