• Свет 14.08.2018 14:06

    Се урна дел од автопат во Џенова, има жртви

    Десетина луѓе загинаа при уривање на надвозник, дел од автопатот А10 кој минува низ Џенова. Во моментот на уривањето десетина автомобили паднале од мостот. Во тек е потрага по преживеани.

  • Свет 14.08.2018 14:01

    Нападот пред британскиот Парламент е терористички акт

    Судирот на возило на оградата на британскиот Парламент во Лондон се третира како терористички напад. Возило управувано од еден маж удрило во безбедносната ограда пред британскиот Вестминстер при што неколку луѓе биле повредени.

  • Свет 14.08.2018 12:49

    Шведска: Во координирана акција опожарени над 100 возила

    Над 100 автомобили биле запалени во повеќе различни градови во западна и јужна Шведска, меѓу кои и Гетеборг. Полицијата соопшти дека акцијата била планирана и координирана, додавајќи дека сите пожари биле згаснати.

  • Свет 14.08.2018 12:11

    Инцидент пред британскиот Парламент, повредени неколку лица

    Центарот на Лондон е блокиран по инцидентот со возило во близина на британскиот Парламент рано изутрината. Возило удрило во безбедносната ограда пред британскиот Вестминстер.

  • Свет 14.08.2018 12:03

    Романија: Истрага за насилството врз демонстрантите

    Романското воено обвинителство почна истрага во врска со насилството врз демонстрантите, кои учествуваа во протестниот марш во петокот во Букурешт, со барање за оставка на Владата, при што беа повредени над 450 лица.

  • Свет 14.08.2018 11:32

    Трамп го потпиша Законот за одбранбена политика

    Американскиот претседател Трамп го потпиша Законот за одбранбена политика вреден рекордни 176 милијарди долари. Со новиот закон е предвидено зголемување на платите на војниците за 2,6 насто, што е најголем раст во последните девет години.

  • Свет 14.08.2018 11:08

    По турската лира, и руската рубља бележи пад

    По турската лира, пад на вредноста забележа и руската рубља. БИ-БИ-СИ јавува дека на отворањето на московската берза еден долар беше разменет за над 68 рубљи, а еврото за повеќе од 76 рубљи. Индексот на акции падна за безмалку 1 насто.

  • Свет 14.08.2018 10:43

    Меркел: Нема да има промена на границите на Балканот

    По состанок со претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, германската канцеларка Меркел порача дека нема да има промени на границите на Балканот, додавајќи „дека секој пат тоа мора да се повторува“.

  • Свет 13.08.2018 14:41

    Економски потреси во Турција

    Турција спроведува акционен план за да ги смири вложувачите, изјави министерот за финансии, Берат Албајрак, откако курсот на лирата во однос на американскиот долар го достигна најниско ниво на вредност во историјата.

  • Свет 13.08.2018 13:45

    Продолжуваат протестите во Романија

    Околу 15 илјади луѓе веќе трет ден протестираат во Букурешт и во другите романски градови против корупцијата и Социјалдемократската влада, барајќи оставка од премиерката Вјорика Данчило.

Pages