• Свет 03.08.2018 13:02

    Расте бројот на жртви од пожарите во Грција

    Бројот на жртви во пожарот во Атина достигна вкупно 87 лица, од кои што 85 се идентификувани. Противпожарната служба соопшти дека две тела остануваат неидентификувани. Во болниците пак сѐ уште се хоспитализирани 41 лице, од кои што 10- мина се во критична состојба.

  • Свет 03.08.2018 12:51

    Зимбабве: Опозицијата ги отфрли резултатите од изборите

    Владејачката партија во Зимбабве, Африканска национална унија- Патриотски фронт освои најмногу гласови на општите избори. Актуелниот претседател 75 годишниот Емерсон Мангагагва извојува победа во првиот круг. Го поздрави новиот почеток и повика на градење единство.

  • Свет 03.08.2018 12:17

    Црвен метеоаларм за делови од Европа и светот

    Пеколно жешкото време со екстремна температура продолжува во Хрватска, но и во делови од Шпанија и Португалија. Вклучен е црвен аларм за целиот Јадрански брег, од Истра па се до крајниот југ од земјата. За другите делови на сила е жолт метеоаларм, кој исто така укажува на потенцијална опасност.

  • Свет 03.08.2018 11:37

    Вежба предизвика лажна узбуна во базата Рајт- Петерсон

    Базата на американските воздухопловни сили Рајт- Петерсон соопшти дека наводниот инцидент во нејзината болница, поради кој интервенираа безбедносните и противпожарните сили, всушност бил лажна узбуна и оти персоналот на базата е безбеден.

  • Свет 03.08.2018 10:44

    Коутс: Русија сака да ги ослабне и подели САД

    Директорот на американската Национална разузнавачка заедница Ден Коутс изјави дека Русија продолжува со обидите да ги ослабне и подели САД, со тоа што се меша во американскиот изборен процес и во политичката дебата.

  • Свет 03.08.2018 10:21

    Идентификувани 85 жртви во пожарите во Грција

    Бројот на идентификувани жртви во катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика, според соопштението на Противпожарната служба на Грција, изнесува 85 лица, од кои четворица им подлегнале на повредите.

  • Свет 02.08.2018 13:12

    Почна самитот на земјите од АСЕАН

    Првите дипломати на земјите од Југоисточна Азија ја отворија годишната средба посветена на голем број прашања поврзани со безбедноста, како и територијалните спорови во Јужното Кинеско Море.

  • Свет 02.08.2018 13:06

    Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Зимбабве

    Истрели од огнено оружје, солзавец, вооружени полицајци, загинати и повредени цивили. Ова е сликата од судирите меѓу демонстрантите од една страна и полицијата и војската од друга страна на улиците во Зимбабве.

  • Свет 01.08.2018 14:45

    Британските дипломати отповикани во текот на 2019-та година

    Европската комисија и европската служба за надворешни работи ги информира вработените со британско државјанство, кои работат во дипломатските претставништва на ЕУ низ светот, дека ќе треба да се вратат до септември 2019-та година.

  • Свет 01.08.2018 12:44

    Нема загинати во авионската несреќа во Мексико

    Десетици повредени и ниту еден загинат при уривање на авион на компанијата „Аеромексико“, непосредно по полетувањето од аеродромот во градот Дуранго. Во леталото се наоѓале 97 патници и четворица членови на екипажот. Дел од повредените се хоспитализирани, двајца во критична состојба.

Pages